Со загриженост го проследивме немилиот настан на новинар од порталот “Плусинфо”, на кој му било забрането да си одбере свој свештеник за погреб на својот дедо и дополнително добил закани и навреди.

Сѐ уште сме во неверување дека и во 2020 година, има лица како опишаниот расколнички поп Диме, и дека сѐ уште има организации како неговата расколничка МПЦ, кои можат, така лесно, своеволно да се однесуваат, без да понесат никакви последици.

Вандализмот кој расколничката МПЦ го спроведува на погребите на гробиштата од порано ни е познато дека е аминуван од државата, бидејќи и самата држава ги крши основните верски права и слободи, насила давајќи ѝ монопол на расколничката МПЦ во сѐ, па и кога се во прашање умрените.

Ова, не само што се коси со уставното право на слобода на вероисповед, туку се коси пред сѐ и со здравата логика.

Споменатиот расколнички поп, покрај што покажал нечовечност и се расправал додека ужаленото семејство плачело, тој насилно ја наметнал својата вера и убедување, на лица со друго верско убедување и ја повредил волјата на семејството и на покојникот во извршување на погребниот обред.

Насилието е уште поголемо зашто не се случило на имот на МПЦ, туку се случило на гробишта управувани од трговското друштво – АД Бутел Скопје, односно на приватен имот, т.е. купено гробно место на јавни градски гробишта.

Никаде во демократскиот свет не постои монопол во религијата, ниту монопол кон умрените, освен во Северна Македонија.

Државната мафија продолжува со спроведување на насилство врз дел од граѓаните на Северна Македонија, а тоа не може да води кон добро.

Линк: