Пред целосна неуспешност е планот на бугарските интелектуалци, Бугарската црква да ѝ стане „мајка“ на МПЦ. Тие веќе не ја кријат својата длабока фрустрација, па со писмо ја искажаа, како што велат: „својата огорченост кон архиереите на БПЦ зошто прашањето за статусот на МПЦ не било покренато за време на посетата на рускиот патријарх Кирил на Софија, како и што ова прашање не било покренато ниту пред вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на посетата на бугарската црковна делегација на Истанбул“.

Значи, Бугарската православна црква, и покрај можеби својата скриена желба, исто како и онаа на дел од бугарските интелектуалци, засега се воздржува од националистичкото, крајно нецрковно барање, да прогласи туѓа црковна јурисдикција, за своја. Или со други зборови кажано, таа всушност многу и не ја ферма МПЦ.

Останува само срамот на архиереите на МПЦ кои се затрчаа да станат Бугари, бидејќи на бугарската политика тоа ѝ се сака; за разлика од СПЦ, која не бара такво нешто, ни ги признава македонскиот јазик и нација, а, и да сакаат, не смеат од другите цркви да ѝ дадат автокефалија на МПЦ.