Така како што самите новинари го нарекуваат Бигорски – бугарскиот манастир, на нивната интернет страна на грчки јазик, само за да им се покажат како подлизурковци на Грците му ја смениле титулата на нивниот расколнички архиепископ Стефан.

За расколникот Партение и бугарскиот Бигорски манастир, Стефан веќе не е архиепископ македонски, туку согласно на промената на титулата што му ја направиле, го нарекуваат – архиепископ Охридски, на Прва Јустинијана и на Северна Македонија.

Расколничката МПЦ се бунеше зашто автономната Православна Охридска Архиепископија го прифатила тоа име, па отпосле си го додаде и самата, потоа се бунеше зошто државата го сменила името во Северна Македонија, а еве сега самите расколници без никаква официјална одлука и без промена на Уставот на МПЦ му ја менуваат титулата на расколникот Стефан.

Ионака новинарите ќутат, но чисто јавноста нека знае, за после да не биде дека за сѐ сме криви ние верниците од Соборното Православие.