(принтскрин од личност на која ѝ била заклучена вратата од забавата)

После навивачката забава во Бигорскиот манастир, на мнозина граѓани им стана јасно дека Бигорски опстојува заради политичките реклами и државните финансиски инекции.

Со други зборови народот прочита дека Бигорскиот манастир е всушност политичка организација во која пристап имаат само оние што ќе им капнат некоја паричка, а широките народни маси се само театарска публика која треба да паѓа во несвест на сценографијата на варосаниот гроб.

Широките маси се публика сѐ до оној момент кога расколничките монаси ќе им ја заклучат вратата и обичните смртници ќе останат од надворешната страна, без право да учествуваат во забавата на политичарите и бизнисмените.