„Ве известуваме дека искрено, слободно и одговорно го прифаќаме предложеното литургиско и канонско единство со Српската Православна Црква и со целата православна икумена која е во литургиско единство со СПЦ. Единството на Црквата не е додаток, туку суштината на постоењето во Црквата.
Сметаме дека наша епископска должност е самите да живееме, но и верниот народ да го поучуваме дека вистината на животот е само во единство со самиот Бог, но и со оние што се во единство со Него.

Во обраќањето до архиереите, свештенството и верниот народ во Република Македонија, Вие, Ваша светост, нагласивте дека Православната Црква во Србија „не настапува од национална исклучивост” и дека „немате никакви, ни национални, ни територијални претензии во однос” на Македонците. Тоа сосема е доволно секому што е разумен, но во исто време и добронамерен, да биде убеден дека со чинот на единството никој нема да биде национално понижен. Всушност, вистинското вреднување на националната припадност е можно само во единство со сите народи од кои е составено телото Христово.”

Повеќе: