Црковниот суд на Православната Охридска Архиепископија во проширен состав од 12 членови, едногласно донесе пресуда со која, заради направени морални и канонски престапи, го лишува од епископскиот чин г. Кирил и го враќа во редот на лаиците, со крстеното име Никола Поповски.

Судот констатираше дека основната вина на досегашниот Митрополит полошко-кумановски г. Кирил е фактот што тој самиот од почетокот на своето епископско служење е учесник во расколништвото и носител е на разорувањето на единството на Црквата Божја.

Повеќе: