Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква на своето редовно заседание на 13. Мај 2003год., сестрано го разгледа прашањето на расколот кој не’ дели, а посебно ја анализираше најновата состојба по завршување на работата на двете комисии за дијалог и вашиот однос кон текстот на постигнатиот договор, и после стапувањето на г. Јован во евхаристиско општење со СПЦ, а со тоа и со светото вселенско Православие, како и акцијата која САС на МПЦ ја презема против него. Имајќи ја во вид сложеноста на ситуацијата, Светиот Собор, братољубиво ви порачува и очекува од вас, со полна свест за својата архипастирска и историска одговорност, да го направите следново:

1. Официјално, на радост на небото и земјата, да ја прифатите најшироката црковна автономија, формулирана во текстот на Нишкиот договор, која нашата црква братољубиво и во согласност со сите помесни цркви ви ја дава,
2. Да ги отповикате сте неканонски мерки кои досега ги преземавте против г. Јован и да му овозможите враќање на неговата катедра од која беше насилно отстранет.

Доколку се продолжи вашата досегашна пракса на останување во неприфатливата црковна изолација и одложување на единственото благословено и можно решение за нормализација на вашиот канонски статус, Светиот Архиерејски Собор, со жалење ќе биде принуден, без нови консултации со вас, да преземе понатамошни канонски мерки и да донесе соодветни одлуки.

Ве молиме, оваа порака, никако не ја сфаќајте како закана, ниту условување, туку единствено и исклучиво – во служба за ваше и наше добро.

Повеќе: