(Академски осврт на Архиепископот охридски и Митрополит Скопски Јован)

„Обично, расколниците ја бранат состојбата на расколот, со тврдењата дека не се разликуваат во исповедањето на верата, односно ја чуваат истата догма. Но правата вера се открива и потврдува само во соборноста. Не е значи возможно, како што сметаат некои расколници, дека може да бидеш православен, а да не бидеш во единство со соборната Црква.

Но, не само што надвор од соборноста на Црквата нема православна вера, туку ниту тајните кои се совршуваат се валидни, бидејќи во расколот и во ереста отсуствува Светиот Дух.

По се’ изгледа не е најдобро да се рече дека во расколот воопшто нема благодат. Но, таа благодат повеќе би ја нарекле, благодат во потенција, отколку благодат која е делотворна. Благодат која е потенцијална и го чека моментот, расколот да се излечи за да постане делотворна. Веројатно и надвор од границите на Црквата, благодатта се’ уште се протега, зошто Духот дува каде што сака. Но, со сигурност може да се каже дека таа благодат е во доза за биолошки опстанок, а не во изобилство и полнота како што тоа се прави во Црквата. Таа благодат, не е дар на посиновувањето, туку само храна за преживување на робовите. Така, не е добро да се рече дека во расколничките свештенотајни не се извршува ништо, но тоа што се извршува, нема сила да обновува и преобразува, да спасува и соединува. Дејствието на свештенотајните ќе стане делотворно, дури откога расколот ќе се исцели“.

Повеќе: