Некои анимализирани анонимуси и расколници од freeglobe.нет (баш никогаш не сме чуле за оваа тешка провинција од сајт), користејќи говор на омраза, во нивната очигледна неписменост (еден интерпункциски знак не знаат да стават, за друго да не зборуваме), склепале неколку редови против Соборно Православие (изгледа сакаат преку нас да се прослават), во кои прашуваат:

– “Па побогу бре ,,соборни,, ако ние сме етнофилетисти зошто тогаш другие помесни цркви не си ги осстранат етничките предзнаци пред имињата на нивните цркви? Зарем етнофилетизмот ќе важи само за нас?”

Ајде, нема да ги презреме, туку во една реченица ќе им одговориме на овие неписмени анимализирани анонимуси и расколници, бидејќи еден ден може ќе си го очистат образот од расколот и неписменоста. Значи:

– повеќето други цркви, особено древните немаат етнички имиња, на пр: Цариградска, Александриска, Антиохијска, Јерусалимска патријаршии; други понови цркви, задолжително имаат две имиња Руска Православна Црква – Московска Патријаршија.

Ние, како древна Црква го имаме историското име Охридска Архиепископија и не каскаме зад никого како вас, неартикулираниве од freeglobe.нет, кои немаат доволно интелектуален капацитет да предничат и да бидат причина и другите да се променат, туку чекаат сите нешто да сменат, па тие да бидат последни во нужно цивилизираната промена.

Затоа сте неписмени анонимуси и тоа последни!

Р.Ѕ.
Инаку, со Наум, Партениј, Пимен, Заев и остала расколничка бижутерија немаме ниту пријателски односи, а камо ли доктринарно-литургиски.

Сите што сте ги набројале се расколници од МПЦ, па следствено – ваши се. Затоа, всушност, како ФБ страна и дејствуваме, за да ја предочиме нивната расколничка, лажна, неисправна вера, базирана како на џоинт, а не како на здрав разум. Па кој сака да сфати, сфаќа.

За жал, луѓе како неписмениве од freeglobe, кои сега се прават паметни и ја критикуваат МПЦ, за секој верски празник или обред, повторно завршуваат во храмовите на расколничката МПЦ, во која служат токму спомнатите расколници Наум, Партениј, Пимен… Исто како онаа евангелската: „кучињата се враќаат на својата повраќаница“. Тогаш, видете си вие од freeglobe.нет, кој всушност изигрува куче.