Повеќе од 20 години МПЦ продаваа приказна дека се неприкосновени„чувари на македонскиот национален идентитет и бранители на народот од туѓи влијанија“. Стефан и денес ја чува ѕвездата од Вергина во кабинетот. Гледајте да видите како наскоро ќе ја тргне како искарано учениче.

Дури и својот раскол МПЦ го идентификуваа со името и беа најгласни во барањата за неменување на уставното име на државата.

Сепак, по политичка директива, Синодот на МПЦ повика да се гласа на референдумот за промена на името.

Како ли овие партиски послушници заборавија на сè што направија и што кажаа за уставното име на државата, за толку лесно да плукнат на сопствените зборови.

Овие самонаречени а од никого признаени “апостоли” на верата и на народот, владиците на МПЦ, наместо да го предводат движењето „бојкотирам“ и да останат доследни на својот збор, потврдија дека се најкомпромитираните личности во општеството, секогаш ставeни во служба на минливите политички структури.

Со оваа капитулација пред политиката, МПЦ целосно ја губи својата суштина, дури и како национална организација. Оваа анализа ја правиме од објективен аспект, со единствена цел – за да укажеме на фактот дека МПЦ нема став. Поголема почит заслужуваат оние кои имаат различен став од нашиот и си опстојуваат на него, отколку разните вртикапа опортунисти. МПЦ го отфрлија Нишкиот договор кој им го решаваше расколот, само заради името на црквата и државата, за да го сочувале идентитетот. Сега сами бараат да бидат признати под друго име и го поттикнуваат менувањето на името на државата.

Целта на оваа анализа е само да укаже дека Синодот на МПЦ се луѓе без визија чие постоење пополека станува бесмислено.

Повеќе: