Културата не ни дозволува да употребиме соодветни медицински изрази за овој настап, иако расколничкиот претставник тоа го заслужува.
Сепак, со вакви луѓе, кои отворено ја проповедаат ереста на етнофилетизмот, со зборовите: “МПЦ е национална црква”, затнати им се устите на Иванов, Заев и останатата булумента новинари и аналитичари кои мантраат дека сите други се етнофилетисти, само МПЦ не е.
Имено, тој, впечатливите апостолски зборови дека „црквата е столб и тврдина“, наместо во однос на Христа, Кој е Вистината, ги употребува за државата и нацијата. Според овие зборови на Агатангел, МПЦ е станата националистичка секта.
Со настапите на вакви неартикулирани расколнички претставници, МПЦ граби уште подлабоко во ерес, и е се’ подалеку од единството.