За тоа што е Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а што не е, и за ослободување од политиката и сентименталноста во црковните прашања!

Имајќи предвид дека во нашата татковина постои Соборна Црква – Православната Охридска Архиепископија, која се наоѓа во литургиско и канонско единство со сите помесни православни цркви ширум Православието; а, постои и МПЦ, која не е дел од Соборното Православие и нема ниту литургиско, ниту канонско единство со помесните православни цркви, овој профил има за цел, низ активниот живот во Соборната Евхаристија, да придонесе во поимањето: што е Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а што не е!

Споменатиот аспект ќе се залага за ослободување од политичкиот и сентименталниот пристап кон црковните прашања и ќе го оприсутнува еклисиолошкиот пристап!
Целта на нашата работа ќе биде:

  • Запознавање на луѓето со Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.
  • Придонес за прекин на прогонот по верска основа на епископи и верници на ПОА и за ослободување на Претстојателот на автономната Охридска Архиепископија, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, којшто е затворен по седми пат во затвор, токму заради исповедањето на Соборниот карактер на нашата Црква.
  • Собирање на сите оние, коишто со својот духовно-интелектуален потенцијал можат и сакаат да придонесат во решавањето на црковните расколи особено оној на МПЦ и така да остават свој печат во остварување на соборниот литургиски живот.
  • Запознавање и разговор на припадниците на Соборната Црква со припадниците на расколите, особено оној на МПЦ, заради меѓусебно приближување, запознавање и негување на неспорно потребниот културно-цивилизациски дијалог.
  • Презентирање на вести и настани поврзани со животот на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.
  • Веруваме дека сѐ што е одделено од Соборната Црква во себе има потенцијал за да може повторно да се врати во неа. Затоа овој профил, покрај примарните, ќе третира и теми какви што се: уметност, спорт, музика, политика, филм… коишто можат да бидат во прилог на споменатото враќање во Соборното Православие.

    Администратори:
    Странава ја администрираат неколку мирјани, припадници на Православната Охридска Архиепископија, при што, ги изразува исклучиво нивните лични ставови во однос на обработените содржини, а не и на останатите членови или клирот на ПОА.


    Нема да бидат толерирани навреди и вулгарности, од било која страна и да се постирани. Секоја лична навреда и секоја вулгарност – веднаш ќе бидат отстранети од овој профил!

    Профилот е отворен за поставувања прашања на кои ќе им биде пристапено со внимание и на кои во најскоро можно време ќе биде одговорено!

Апелираме до сите посетители да пристапат со достоинствено, цивилизациско ниво и да разговараат со факти и референци, негувајќи го дијалогот кој приведува во Соборноста и Единството на Црквата!

Отворени сме и подготвени сме за секаков вид на конструктивен дијалог за свештенопосланство и сведочење на соборниот карактер на Црквата!