(Повод: регистрацијата на верска заедница на православните Албанци во РМ)

Поминаа денови откако се официјализираше една нова православна групација во Македонија, а никаде ниту трага, ниту глас од претседателката на Kомисијата за односи со верски заедници, Валентина, за да се произнесе во однос на спомнатото.

Валентина која е позната по својата “разборитост” за верските прашања, по својата „ревност“ за православната вера и интересите на нејзината расколничка МПЦ, сега никаде ја нема.

Таа честопати, дури со агресивни и шовинистички коментари настапува особено против канонската ПОА, но сега кога е отворено прашањето за православните Албанци, гледаме, ја нема, исчезна…

Зар не е тука нешто чудно? Особено поради фактот дека со формирањето на оваа верска заедница, директно се атакува врз „автокефалијата“, т.е. монополот, како и врз идентитетот, токму на нејзината расколничка МПЦ, преку мешањето на друга верско-национална „пропаганда“ во РМ.