Дали е на повидок уште еден раздор во расколничката МПЦ?

Изминатите години покажуваа дека отсуството на основна црковна писменост создаваше, а и денес создава големи расцепи помеѓу самите расколници, и дека единствениот гарант за нивното меѓусебно „единство“ е чеканот на полицијата. Кога остатоците на УДБА не би ги држеле расколниците во „единство“, којзнае кај би им бил крајот.

На Википедија за расколничката МПЦ пишува дека нивниот расколнички Архиепископ се титулира и како Архиепископ Охридски. Колку ли асли расколник треба да биде некој негов колега и колкаво отсуство на основно црковно образование треба да покаже за да си ја присвои титулата Охридски од расколничкиот Архиепископ?

timotej vo rascep 01

Расколничкиот епископ Тимотеј кој ја има титулата дебарско кичевски, си направил храм во манастирот односно, за жал на цело православие, хотелот свети Наум Охридски, дал да го насликаат на фреска, оставил место уште за ореолот и името, но во натписот над вратата напишал дека храмот на светите Кирил и Методиј е направен со благослов на Митрополитот Охридски Тимотеј.

Револуцијата на расколот сама си ги јаде своите деца.

Наградното прашање до расколниците гласи: сега кој е Охридски, Стефан или Тимотеј? Едно е сигурно, од расцепената расколничка свест ќе чуеме интересни одговори, само за да се бетонираат во расколот.