Таг: ПОА

Отец Георгиј Максимов (РПЦ): Припадници на канонска Црква подобро е да се молат дома отколку да одат на служба во храм на непризнатата МПЦ

Свештеникот Георгиј Максимов од Руската Православна Црква служеше Литургија, проповедаше и одржа предавање во параклисот Свети Нектариј Егински, во Скопје.

Прочитај повеќе

ПОА: Видео од прославата на 1100 години од упокоението на свети Климент Охридски

Минатата 2016 година, на 1 и 2 Октомври, во Православната Охридска Архиепископија со света Архиерејска Литургија, на која началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, во сослужение на Архиереји од повеќе помесни Цркви, а во продолжение и со пригодна програма, беше прославен јубилејот 1100 години од упокоението на светиот Климент Охридскиот Чудотворец. […]

Прочитај повеќе

Патот на расколничката МПЦ во единство со Православието води само преку сеправославно признатата автономна Православна Охридска Архиепископија

Во недостаток на теолози од нејзиниот клир, синодот на расколничката МПЦ немо ги проследува случувањата околу сеправославниот Голем Собор, што ќе се одржи на Крит, Р. Грција, во Јуни, оваа година (на кој ќе учествува и автономната Православна Охридска Архиепископија). Поточно речено, ги проследува случувањата во агонија и низ призмата на единствените „теолози“ што ги има (Бранко Ѓорѓевски и Марјан Николовски), кои, пак, се поставени од редовите на политичките назначеници, како што релевантната меѓународна јавност го именува оној дел од новинарите во нашата земја, што се финансираат од политичари и застапуваат дневно политички интереси.

Прочитај повеќе

Архиепископот Јован конечно ослободен

На 02 Февруари 2015 год., од затворот Идризово, кај Скопје, беше ослободен Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, после условниот отпуст што му го даде Апелациониот суд од Скопје. Во периодот од неговото ослободување од затворот до 23 Март 2017 год., Архиепископот Јован е условен да не изврши ново кривично дело од ист карактер.

Прочитај повеќе

Соопштение од ПОА по повод јавното барање на МПЦ за помилување на Архиепископот Јован

Јавното барање, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован да биде помилуван од затворската казна, коешто на 22 Декември 2014 год. го објави МПЦ, непризната од останатите Цркви, го цениме како значаен чекор кон воспоставувањето дијалог за канонскиот статус на таа црква во семејството на признатите православни Цркви.

Прочитај повеќе

Георги Тасев: КОГА МОЛКОТ ЗНАЧИ ЗБОРУВАЊЕ

Анализа по коментарите на новинари, самопрогласени експерти и по соопштението на ВМРО-НП за пораките на Рускиот Патријарх од Белград

Прочитај повеќе

Епископите на Православната Охридска Архиепископија служеа Литургија со Патријархот московски и на цела Русија г.г. Кирил

Неговата Светост Патријархот московски и на цела Русија г.г. Кирил и Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј служеа денес, 16-ти Ноември 2014 год., света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Сава“, во Белград. На Литургијата сослужуваа голем број Архиереји од Српската Православна Црква.

Прочитај повеќе

Хуманитарната организација „Воскресение“ на Православната Охридска Архиепископија го доби и вториот случај во Европскиот суд за човекови права против Владата на Р. Македонија

Со допис од 02 Октомври 2014 год., владиниот агент во Бирото на застапување на Р. Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ја информира хуманитарната организација „Воскресение“ дека Владата на Р. Македонија е подготвена да ги уплати досудените средства од Европскиот суд за човекови права во предметот 43566/08, којшто хуманитарната организација „Воскресение“ го водеше против Р. Македонија.

Прочитај повеќе

Епископ брегалнички г. Марко: Одговор на најновите манипулации од страна на расколничките јерарси

Овие денови, на одлуката на СПЦ да организира црковен суд за г. Стефан, архиепископ на МПЦ во раскол, неколкумина негови собраќа јерарси, преку медиумите, возвратија со одговор дека согласно на Уставот на МПЦ, од 1959 год., престанала да важи јурисдикцијата на СПЦ во однос на МПЦ.

Прочитај повеќе

Овозможено од WordPress & Темплејт на Anders Norén