Таг: Коментар

„Кондуктерот” од МПЦ му побарал на Епископот захумско–херцеговски Григориј да плати карта за да ги целива моштите на Свети Климент Охридски

„Кондуктер” вработен во МПЦ кој наплатува карти на оние што влегуваат во црквата на Плаошник, со име Никола Чолески, на 07 Октомври 2017 г. му побарал на Епископот захумско–хрцеговски Григориј кој бил во посета на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска, да плати карта од 100 ден. за да ги целива моштите на Свети Климент Охридски.

Прочитај повеќе

Долгите пензионерски денови на Дедото Стефан

Ги гледаме патријарсите на другите цркви како покрај богослужбите, постојано се наоѓаат во некои активности, држат предавања, организираат разни симпозиуми за теологијата па дури и за заштита на животната средина, патуваат за да се сретнат со светски духовни и политички лидери, учествуваат во јавни дебати. Тука нема потреба да се набројуваат нивните секојдневни дејности како […]

Прочитај повеќе

Дилетантизмот на Пимен

(кус осврт на емисијата „На иста страна“, прва епизода) Овој Пимен по сѐ изгледа е најголем дилетант во МПЦ. За Марјан Николовски не е чудно што си прави експерименти, особено кога неговиот проект е добро платен. Но на ваков синкретизам во никој случај не смеел да се согласи Пимен. Да влезе во џамија, кога таму […]

Прочитај повеќе

Георги Тасев: Соборната Литургија е критериумот за љубовта, а не пишувањето служби

(за измамите на расколничкиот игумен Партениј) На 05. 01. 2017 г. во весникот „Нова Македонија“ бр. 23944 е објавен текст со наслов „Поврзаноста на Света Гора со македонската земја е нераскинлива“. Станува збор за некаков сентиментален запис на Киро Кипроски од неговото патување на Света Гора, кој  според вредноста на искажаното може да остане и […]

Прочитај повеќе

Се топи мразот помеѓу Соборното Православие и расколничката МПЦ

Неодамна поголем број медиуми ја пренесоа изјавата на Папата Франциск, дека новинарството базирано на лага е тероризам. Во Македонија изгледа дека голем број новинари, кога станува збор за црквата, по подразбирање сеат терор. Досега, тие така ги претставуваа работите, за ние да си мислиме дека архиереите на ПОА и архиереите на расколничката МПЦ се најголеми непријатели и дека не се среќаваат, или доколку се сретнат, веднаш избива судир.

Прочитај повеќе

Георги Тасев: За „татковинската прослава“ на Тереза

На читателите им предлагаме едно лично мислење кое денес веројатно отстапува од вообичаеното, само со цел да покажеме дека тоталитаризмот во ставовите денес повеќе не може и нема потреба да биде наметнуван.

Прочитај повеќе

Уште еден расцеп во свеста кај претставниците на расколничката МПЦ

Дали е на повидок уште еден раздор во расколничката МПЦ?

Прочитај повеќе

Чомовски: Автокефалијата на МПЦ е дело на комунизмот!

На упатените во црковните работи, а такви во Р. Македонија има сѐ повеќе, позната им е историската оставштина на Доне Илиевски, со наслов „Смислата на некои отпори против автокефалијата на МПЦ“. Оваа книга е објавена во Скопје, 1970 година. Во неа недвосмислено и кристално јасно е објаснето дека одлуката за самопрогласувањето автокефалија на МПЦ и нејзино прекинување на литургиското единство со сите православни цркви ја донела Комунистичката партија на Југославија, 1967 г., во Белград. Како што истакнува авторот на книгата, најгласен функционер за спроведувањето на таа одлука бил Едвард Кардељ, придружуван од Стамболиќ, Влаховиќ и други. Секој заинтересиран може да ја побара и прочита оваа објава на вистината во редовите испишани од Доне Илиевски.

Прочитај повеќе

Коментар во однос на соопштението на ВМРО-НП, со наслов: „Вранишкоски да го фрли светиот крст за да бидеме комплетни“

Иронијата на ВМРО-НП не престанува кога е во прашање затворениот Архиепископ охридски Јован.

Прочитај повеќе

Овозможено од WordPress & Темплејт на Anders Norén