Таг: автономија

Соборот на Крит покажа како единствено може да се реши проблемот на шизматичката МПЦ

Постои ли уште некој во оваа наша Македонија, на кого не му е јасно дека непризнатата МПЦ, прецизно кажано – не е дел од Едната, Света, Соборна и Апостолска Православна Црква!

На таков расцеп и со реалноста во последно време сѐ повеќе се изложува шизматичкиот поп Бобан, роднина и шеф на кабинетот на шизматичкиот архиепископ г. Стефан. Вчера, а веројатно нема да му биде и последен пат, во разговор за „Нова Македонија“ (07.07.2016, Ед. бр. 23800), во отсуство на автентични извори и аргументи, овој шеф на кабинет, се обидуваше да ја хипнотизира македонската јавност, која со одредени исклучоци, во последно време и не сака баш да биде хипнотизирана.

Прочитај повеќе

Патот на расколничката МПЦ во единство со Православието води само преку сеправославно признатата автономна Православна Охридска Архиепископија

Во недостаток на теолози од нејзиниот клир, синодот на расколничката МПЦ немо ги проследува случувањата околу сеправославниот Голем Собор, што ќе се одржи на Крит, Р. Грција, во Јуни, оваа година (на кој ќе учествува и автономната Православна Охридска Архиепископија). Поточно речено, ги проследува случувањата во агонија и низ призмата на единствените „теолози“ што ги има (Бранко Ѓорѓевски и Марјан Николовски), кои, пак, се поставени од редовите на политичките назначеници, како што релевантната меѓународна јавност го именува оној дел од новинарите во нашата земја, што се финансираат од политичари и застапуваат дневно политички интереси.

Прочитај повеќе

10 години Томос за Црковна автономија

Соборно Православие, празнувајќи ги нашите најголеми просветители и учители, солунските браќа, светите Методиј и Кирил, со радосен восклик и со неизмерна благодарност кон Христа Бога и Неговата Црква, се сеќава на историскиот 24. Мај 2005 година кога официјално беше издаден ТОМОС-от за автономија на канонската Црква во Р. Македонија, Православната Охридска Архиепископија.

Прочитај повеќе

10 прашања за оние, коишто не се плашат да ја знаат вистината

Во посета на Православната Охридска Архиепископија, од 05-ти до 11-ти Август 2007г., се наоѓаа свештеникот на Руската Православна Црква, отецот Даниил Сисоев (кој 19-ти Ноември 2009г. маченички пострада во својот храм, кога беше застрелан од исламски екстремист), и професорот Јуриј Максимов (сега ѓакон Георгиј Максимов), и двајцата од Москва. 

Прочитај повеќе

МПЦ имала автономија од 1959 година?

МПЦ имала автономија од 1959 г.? Ако имала, тогаш нека го покаже, еве тука веднаш и јавно, нивниот Томос за автономија. Да го видиме сите. Тоа што го имала, сигурно не го имала на писмено. Томосот што го доби ПОА врз основа на Нишкиот договор е основата на која се гради Црквата во Р. Македонија, бидејќи тој Томос е потврдата за Соборноста на Црквата, за Соборното Православие.

Прочитај повеќе

На константинополскиот Патријарх свечено му беше предаден Томосот за автономија на Охридската Архиепископија.

Делегација на Српската Православна Црква и Православната Охридска Архиепископија во која учествуваа Архиепископот цетињски и Митрополит црногорско – приморски г. Амфилохиј, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и Епископот бачки г. Иринеј, на денот кога Константинополската Патријаршија го слави споменот на светиот Фотиј Патријарх константинополски (06 Февруари), свечено му го предаде, на Архиепископот константинополски […]

Прочитај повеќе

Овозможено од WordPress & Темплејт на Anders Norén