Таг: Петар Каревски

Не можеме да ја сметаме БПЦ за своја мајка!

Во своето целовечерно интервју за ТВ Нова, емитувано на 05.12.2017 година, Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар од МПЦ, изнесе низа ставови противречни на оние од писмото до Синодот на БПЦ, на коешто и самиот е потписник.

Прочитај повеќе

МПЦ нема проблем со името

Голема манипулација е кога клирот на МПЦ говори за суштински проблеми на МПЦ со името, и за политика насочена против МПЦ и Државата. Тоа досега јавно го имаат нагласено и нивниот поглавар Стефан, и владиците Наум, Климент, Методиј, игуменот Партениј, како и останати членови на МПЦ.

Прочитај повеќе

Петар и Агатангел станаа партиски владици

Во интервјуто со Слободан Томиќ за „Гласот на слободна Македонија“, расколничките владици Петар и Агатангел направија еден чин после кој веќе е невозможно да се наречат македонски владици.

Прочитај повеќе

Г. ПЕТАР, ПЕНЗИОНИРАЈТЕ СЕ И СПАСЕТЕ ЈА МПЦ!

(повод: настапот на Топ Тема на ТВ Телма, 18.11.2015 г., настапот на ТВ Сонце – Гласот на народот на 14.10.2015)

Хаос – мајсторот во МПЦ, ем расчинетиот, ем расколничкиот митрополит г. Петар, за жал, одново е актуелен, и како по правило – во негативен контекст. Каде да се појави сиротиот, што да направи, само немир, раздор и манипулации остава зад себе.

Прочитај повеќе

Во Центар! (20.01.2015)

Васко Ефтов: Дали Вие како дедо Петар се потпишавте на тој Нишки договор?…

Прочитај повеќе

дипл. правник Георги Тасев: PROBATIO DIABOLICA

Коментар на измамничкото писмо на г. Стефан, објавено на повеќе јазици и лиферувано ширум Православието.

Таканареченото „ѓаволско докажување“ во правото се користи како термин во една постапка кога тужителот (во случајов МПЦ) докажува дека е сопственик на предмети (пари и имот), кои наводно се наоѓаат во фактичка власт на тужениот („присвоени“ од Архиепископот г. Јован, а „стекнати“ со кривично дело затајување).

Тоа „ѓаволско докажување“ г. Стефан го вршеше изминатите 12 години, поминати низ судските лавиринти на корумпираното македонско судство, докажувајќи дека Архиепископот г. Јован е криминалец, па малку му беше тоа, за сега да реши своите „ѓаволски докажувања“ да ги објави и ширум Православието, преку писма, наместо со покајание да се соземе и врати во канонскиот поредок на Црквата.
Се прашувам, како ли сега, споменатите во неговото писмо „аргументи“, г. Стефан ќе ги докажува пред црковниот суд, каде што наскоро ќе треба да се појави?

Прочитај повеќе

Какви времиња дојдоа – расколник на расколник му вели дека е расколник

„Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето“ (Дела Апостолски 5. 29). Тоа е Уставот на Православната Црква, нејзиниот вечен и неменлив Устав, Сѐ-устав, нејзиниот вечен и неизменлив Став, Сѐ-став. Тоа е нејзиниот прв одговор на гонителите на Црквата. Тоа е и нејзиниот одговор на сите гонители, низ сите векови, до Страшниот Суд.

Прочитај повеќе

Овозможено од WordPress & Темплејт на Anders Norén