Свети свештеномаченик Дионисиј Александриски
(во писмо кон расколникот Новацијан, еден од првите расколници во Црквата):

„Ако зборуваш дека си неволно одвоен од Црквата, тоа можеш да го докажеш со доброволно враќање во Црквата.

Најдобро би било сè да претрпиш само за да не ја раскинуваш Црквата. И да умреш како маченик за Црковната целовитост, е исто толку славно како и за мачеништвото за одрекување од идолите.

А по мое мислење дури и повозвишено, зошто во вториов случај, секој прима мачеништво за спасение на својата душа, додека во првиот случај, добива мачеништво поради целата Црква.

Ако дури и сега (додека си се уште во раскол) ги убедиш твоите браќа да се вратат во единство, тогаш твојата добрина, би била многу поголема од твоето зло.“