Јавното барање, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован да биде помилуван од затворската казна, коешто на 22 Декември 2014 год. го објави МПЦ, непризната од останатите Цркви, го цениме како значаен чекор кон воспоставувањето дијалог за канонскиот статус на таа црква во семејството на признатите православни Цркви.

Во исто време, изразуваме жалење, што се изгуби толку многу скапоцено време и се направија толку големи и болни жртви, но веројатно за цената на единството на Црквата не е ништо ни премногу, а не е ништо ни преголемо.

Црквата е сепак Христова и Тој се грижи за неа повеќе од сите Епископи на светот заедно.

22. Декември 2014г.
Од Канцеларијата на Архиепископот охридски и Митрополит скопски

Извор: poa-info.org