Неодамна поголем број медиуми ја пренесоа изјавата на Папата Франциск, дека новинарството базирано на лага е тероризам. Во Македонија изгледа дека голем број новинари, кога станува збор за црквата, по подразбирање сеат терор. Досега, тие така ги претставуваа работите, за ние да си мислиме дека архиереите на ПОА и архиереите на расколничката МПЦ се најголеми непријатели и дека не се среќаваат, или доколку се сретнат, веднаш избива судир.

Но градот Бар се покажа како сосема нов почеток и тоа е добро.

Од наши пријатели од црквата во Црна Гора добивме фотографии на кои се гледа дека на митрополитот во раскол г. Тимотеј, му направиле голема и досега невидена чест и му дозволиле Литургијата да ја набљудува од олтарот. Се разбира тој како расколнички митрополит не можел да сослужува, ниту да се причести, но во олтарот, пак, служеле сите архиереи на ПОА.

bar timotej david

И не само што биле блиску за време на Литургијата туку и за време на трпезата тие биле заедно.

Дали дошло до директна средба помеѓу архиереите на ПОА и митрополитот во раскол г. Тимотеј?

Дали имале прилика да си поразговараат или само биле во непосредна близина едни со други?

Дали можеби Бар стана неофицијален почеток на преговорите помеѓу ПОА, СПЦ и непризнатата МПЦ?

Дали…?

Тоа се прашањата на кои немаме одговор. Но бидејќи сме луѓе, не можеме, а да не се израдуваме на тоа, дека нема ништо поприродно од тоа да гледаме како архиереите на расколничката МПЦ се среќаваат со канонските архиереи на ПОА. За поздравување е овој гест на двете страни, а на домашната јавност би требало да ѝ стане секојдневие да ги гледа овие луѓе како остваруваат средби, разговараат и ги решаваат проблемите.

Очигледно Бар започна да го топи мразот помеѓу Соборното Православие и расколничката МПЦ.

Дали МПЦ ќе покаже дека има сила или бргу ќе папса, или ќе ја папсаат, ќе видиме. Во секој случај топењето на мразот е нешто што Соборното Православие го поддржува, а би требало да го поддржи и секој нормален човек.