epDavid-epMarko-hirotonija-Polikarp-01

Не беше толку одамна, кога архирасколникот Стефан се најде во Бугарија, а како што гледаме од видеото, одговорните кои беа прашани, сите до еден одрекоа дека го поканиле.

Очигледно Стефан се мести непоканет, а впрочем тоа и му одговара на нивото на еден архирасколник. Црковните кулоари велат дека неговата посета е резултат на некои лустрирани чиновници и други промашени „православци“. Така е кога се рипа како разбојник преку ограда.

Од друга страна, вака се влегува како син преку порта: пред неколку дена, на официјална покана од страна на БПЦ, по повод хиротонијата на Белоградчишкиот Епископ Поликарп, на Литургијата сослужуваа и во хиротонијата земаа учество Епископите на канонската ПОА, брегалничкиот Марко и стобискиот Давид, придружувани од јеромонахот Мојсеј.

Кој има очи да види и сфати која е разликата помеѓу Едната Света Соборна и Апостолска Црква од една страна и расколот од друга страна, ќе сфати! Кој нема, а мисли дека е православен, Господ нека му е на помош!

epDavid-epMarko-hirotonija-Polikarp-01

epDavid-epMarko-hirotonija-Polikarp-02

epDavid-epMarko-hirotonija-Polikarp-03