Една религиска жолта штампа објави многу битна информација дека Бигорскиот игумен Партениј бил со своите монаси на Света Гора.

Толку паднаа критериумите, што јавноста веќе отрпна на ниското расколничко ниво. Замислете колку монаси, православни па и католици секојдневно ја посетуваат Света Гора, но од тоа не прават фама ни вест.

Мило ни е што се прошетале но навистина ќе беше вест што го заслужува нашето внимание доколку Бигорскиот игумен Партениј сослужуваше на литургија на Света Гора и доколку се причестеше со светогорските монаси. Но вака религиската жолта штампа од игуменот Партениј прави само селебрити фигура за оние во раскол. Исто како некој холивудски глумец да посетил некој тибетски гуру. Многу го спуштија нивото, но тоа си е нивна воља и (не)одговорност пред луѓето.

Заради јавноста должни сме да кажеме дека Бигорскиот игумен Партениј и неговите монаси, не се иста вера со светогорските монаси, зашто доколку беа тие ќе служеа литургија на Света Гора и ќе се причестеа со светогорските монаси. За јавноста да не биде во заблуда, штом на игуменот Партениј и на неговите монаси кои се во раскол, не им е дозволено да служат литургија тоа е видлив знак дека не се иста вера со светогорците.

Игуменот Партениј со неговите монаси отишле туристички на Света Гора да се напијат кафе и да си ја задоволат колекционерската желба за собирање мошти. Изгледа тоа им е плафонот а не литургиското единство.

И ние од Соборното Православие по нашите домови ќе ги примиме бигорските монаси без проблем и со љубов ќе им подготвиме кафе кога ќе сакаат да се прошетаат, но за заедничка причест со светогорците и со нас, ќе почекаат додека да излезат од расколот во кој нема спасение според учењето на црквата.