Нашиот копнеж е да бидеме едно во Црквата со нашите браќа од МПЦ, која, за жал, сѐ уште не е дел од Соборното Православие.

Веруваме дека сите заедно стремиме и се молиме за споменатото најпосакувано црковно единство.

Бидејќи по ниту една цена не би сакале да го отежнеме тој процес, туку единствениот порив ни е да придонесуваме за единството на Црквата, во следниов период редакцијата на „Соборно Православие“ ќе им остави простор на оние што ќе го водат дијалогот во име на непризнатата МПЦ, непречено да се посветат на остварување на таа најскапоцена цел.

Се разбира, останува условот за разговорот да почне, а тоа е ослободувањето на Архиепископот охридски г.г. Јован од затвор.