Расколот е поголемо зло, отколку она, коешто го направиле паднатите, кои во времето на прогон се одрекле од Христа, но кои потоа, жалејќи за својот грев, го преколнуваат Бога да ги прими во покајание.

Овие значи, ја бараат Црквата и ѝ се молат. А тие во расколот, ѝ се противат на Црквата. Овие, до беззаконие ги довела нуждата, односно мачењето, а оние во расколот – нивната слободна волја!

Паднатиот си направил штета само на себе, а оној во расколот, со лагата повлекува и други. Првиот, точно сфаќа каде погрешил, а расколникот се гордее со својот грев и се насладува со своето беззаконие.

Додека паднатиот згрешил само еднаш, расколникот греши секојдневно!

Стр. 30, «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001