Расколникот, себеси се има поставено за судија над Црквата!

Светителот Кипријан Картагински укажувајќи на зборовите Христови, дека во љубовта кон Бога и кон ближниот, е накратко содржано целото Свето Писмо, нѝ ја открива моралната бездна на расколот. Тој, категорички тврди дека во расколот нема, и не може да има љубов, зошто вистинската љубов стреми кон единството: „А какво единство одржува и каква љубов чува оној, кој, предавајќи се на поривите на раздорот, ја расцепува Црквата, ја нарушува верата, го одзема мирот, ја искоренува љубовта, го сквернави Таинството?“

Љубов, тоа е еден особен дар на благодатта Божја. Кој ја изгубил благодатта, тој ја изгубил и вистинската љубов. Расколникот, да повториме, наместо љубов, која мисли дека ја има, има всушност распалена фантазија, глас на крвава и острастена емоција, и за вистинска духовна љубов, според зборовите на светителот, тој дури не може ни да помисли!

Стр. 26, «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001