Пророштвата се исполнуваат пред нашите очи. Поради тоа, случувањата, кои ги претскажаа Апостолите треба само да ја зајакнат нашата вера. Да немаше расколи, тоа би значело дека Апостолите погрешиле.

Но, тие јавно ни укажаа на опасноста која нè чека, и им заповедаа на Христијаните да бегаат од луѓе кои носат поделби: „Од такви одвратувај се!“ (2 Тим. 3, 5). „Бегајте ве молам од таквите луѓе и како од смртна зараза оддалечувајте се, дури и од слушањето на нивните погубни разговори, според Писмото: Не го слушај јазикот нечестив“ (Сир. 28).

Расколот е како болен човек кој страда од смртна заразна болест. До него може да се приближи единствено искусен лекар и тоа со голема претпазливост. Останатите луѓе не можат да му донесат никаква корист, туку само можат да се заразат од него, добивајќи невидлив отров, дури и со самото дишење.

И светиот Кипријан Картагински исто така ни зборува: „Не треба само да се оддалечуваме, туку треба и да бегаме од секој што се одвоил од Црквата!“

Стр. 28, «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001