Светиот Апостол Павле пишува: „Нема да добие венец, оној кој незаконски се подвизува“ (2 Тим. 2, 5).

Во духовниот живот поимот „неутрално“ не постои. Така и оној, кој се подвизува незаконски, уште повеќе, кој се подвизува против законот, добива венец, даруван од самиот сатана, со Каинова етикета. А расколниците мислат дека тие се подвизуваат за Христа, и дека Христос е кај нив, со нив и во нив, но тоа е некој „христос“ кој се бори против Црквата, тоа е „христос“ кој се бори против вистинскиот Христос.

Зарем предавникот во војна, кој пребегнал во непријателскиот табор, после смртта ќе добие награда или бива погребан со почести?

Стр. 19 «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001