Дванаесет апостоли заедно се наоѓаа во една куќа, на една трпеза, со Христа на Тајната вечера. Таа куќа во која се случи величествената Света Тајна Евхаристија, го претставува единството на Црквата.

Од дванаесетте апостоли, еден го напушти братството, разрушувајќи го единството. Да останеше до крај на Тајната вечера со Христа и со апостолите, немаше да го направи своето страшно дело. Но сепак, тој се оддели од единството и погина. Апостолите останувајќи со Христа, останаа со Него за вавек да пребиваат во Царството на светлината.

Стр. 17 «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001