Почеток на расколот е хаосот. Однадвор, тој се манифестира како борба против црковната структура и отфрлање на јерархијата. Од внатре, пак, хаосот на расколот е разноумието, спротивставувањето, не само на Црквата, туку и взаемно, еден на друг. И, расколот претставува постојано јакнење на противречните мненија.

Хаосот на расколот – не е библискиот, првосоздаден хаос на материјата, која се уште не е обликувана, туку тоа е хаос на деструктивната сила, едно центрипетално движење, од центарот кон празнината на периферијата. Расколот е духовна, морална и интелектуална ентропија.

Стр. 12 «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001