Силата која го буди расколот е – гордоста и властољубието на паднатите ангели и на луѓето. Темел на расколот е побуната на ангелите, која почна на Небесета и продолжува на земјата. Ехо на таа побуна е расколот, кој повикува на метеж во човечките срца, и кој за основа ги има поделбата и распадот. Духот на расколот е сатанската гордост. Духот пак на Црквата – е духот на смирението.

Почеток на Црквата е предвечната Светлина на Божествената Троица. Додека почетокот на расколот е лажната, мртва и фосфорна светлина на паднатиот Луцифер. Таа светлина им личи како сјаен блесок само на луѓето потонати во страстите и на неискусните, додека пак искусните ја гледаат како крвав пламен со чад. Надежта на расколот е надеж во сопствената праведност, преку замена на Божественото Откровение и на зборовите Божји, со човечките мненија.

Стр. 12 «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001