Апостолот Павле напиша: „Љубовта, не се раздразнува“ (1Кор. 13. 5). Тој не напиша: „Не гневете се“, зошто постои и свет гнев, кој е насочен против гревот и против демонот, гнев кој е како стражар на душата. И тоа не е афективна состојба која ја помрачува свеста, не е страст која го опива човекот, не е насладување со помисли за убиство или слики на одмазда. Туку светиот гнев го чува човекот од рушитеното дејство на гревот, притоа не нарушувајќи го неговиот духовен мир.

Има и душевен гнев, тој настанува кога човекот не наоѓа можности да ги оствари своите желби.

Светиот гнев, својот непријател го гледа во гревот – како човечко нарушување на волјата Божја, и во демонот – како овоплотен грев. Додека пак, душевниот гнев е насочен против луѓето.

А токму расколот, не се бори против метафизичкото зло во светот, туку се бори против луѓето и ним им ги препишува сите несреќи и нереди.

Стр. 21, 22 «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001