Колку пати расколниците го читаат Символот на Верата, толку пати тие лажат!

Колку пати во молитвите тие, себеси се нарекуваат „раб Божји“, толку пати го потсетуваат небото на своето отпадништво од верата!

Колку пати себеси се нарекуваат христијани, толку пати вршат престапот на изрекување клетва. Расколниците, кои себеси се нарекуваат христијани, отпаѓајќи од Црквата, отпаднаа од Христа и постанаа крадци на туѓо име.

А, Господ им рече на верните: „Радувајте се што вашите имиња се запишани на Небесата“.

Но, сатаната ги лиши расколниците од името христијанин, па го зема името „свештеник“, името „монах“, името „христијанин“; и, наместо да го имаат само тоа име, заедно со нивните имиња, во книгата на смртта, која се чува во подземјето на адот, напиша да стои и друго име – „отпад“.

Стр. 22 «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001