МПЦ бара Бугарската црква да им биде мајка!

Бугарските бизнисмени лобираат, само заради национални причини.

Таквото признавање би предизвикало другите цркви да го прекинат литургиското единство со Бугарската црква, т.е. раскол на Бугарската црква со Православието.

Бугарите одамна не биле во раскол, цели 60 години.

Транскрипт на писмото од МПЦ-ОА:

До Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква

Ваша Светост, и
Ваши Високопреосвештенства,
членови на Светиот архиерејски синод,

Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), на својата редовна седница, одржана на 9 ноември 2017 година, во просториите на Македонската архиепископија во Скопје, посвети сериозно внимание за статусот на МПЦ-ОА и евхаристиското единство со Помесните православни цркви. Во тој дух, Синодот едногласно одлучи да упати одредени предлози и барања до сестринската Бугарска православна црква. Имено:

– Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, имајќи ги предвид единството на Православната Црква и реалните духовни и пастирски потреби, да воспостави евхаристиско единство со возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

– Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите Помесни цркви.

– Со потпишувањето на оваа согласност од поглаварите на двете Цркви, да се воспостави евхаристиско единство и меѓу сите нивни епископи кое што ќе биде основа за непречено воспоставување на евхаристиско единство и со епископите од останатите Помесни православни цркви.

– За признавањето и воспоставувањето на евхаристиското единство, Бугарскиот патријарх го извествува Вселенскиот патријарх, како и поглаварите на другите Помесни православни цркви.

Изразуваме надеж во Господа, дека овие наши предлози и барања ќе бидат прифатени од Светиот архиепејски синод на Бугарската православна црква, за радост на свети Климент Охридски и за доброто на севкупната црковна полнота.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

Линк до емисијата Вера и опшество на Бугарската Национална Телевизија