МПЦ имала автономија од 1959 г.? Ако имала, тогаш нека го покаже, еве тука веднаш и јавно, нивниот Томос за автономија. Да го видиме сите. Тоа што го имала, сигурно не го имала на писмено. Томосот што го доби ПОА врз основа на Нишкиот договор е основата на која се гради Црквата во Р. Македонија, бидејќи тој Томос е потврдата за Соборноста на Црквата, за Соборното Православие.

Погледнете ги фотографиите од Нишкиот документ и Томосот за автономија на Црквата во Р. Македонија и прочитајте го интервјуто со Патријархот Павле кој вели – Љубовта кон непријателите е мерка за нашето совршенство: …Светиот Собор постапи согласно со древното црковно учење и вековната канонска пракса, дека не се во раскол само оние коишто директно го предизвикале, туку и сите оние коишто се во општење со расколниците…

…Сакаме уште еднаш да нагласиме дека црковното единство е основен столб на којшто е положена структурата на Црквата. Црквата не постои без единство. Секој којшто е надвор од единството на Црквата, тој во суштина работи против Црквата. Ниту крвта излиена во мачеништво не може да го измие оној, којшто е надвор од единството на Црквата и којшто упорно останува во раскол.

Затоа, по кој знае кој пат, ја повикуваме јерархијата, свештенството и народот во Р. Македонија, коишто уште не се вратиле, да се вратат во единство со Црквата, да му пристапат на канонскиот поредок на Црквата, за да можат да се спасуваат со благодатта Божја, којашто изобилно се дава во Црквата Негова.

nishki-dogovor-1

nishki-dogovor-2