„Кондуктер” вработен во МПЦ кој наплатува карти на оние што влегуваат во црквата на Плаошник, со име Никола Чолески, на 07 Октомври 2017 г. му побарал на Епископот захумско–хрцеговски Григориј кој бил во посета на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска, да плати карта од 100 ден. за да ги целива моштите на Свети Климент Охридски.

Овој „кондуктер“ се претставува како духовно чедо на игуменот Партениј, кој насекаде на зборови повикува на љубов, но на дела гледа да тргува со црквата и да ѝ нанесе уште поголем срам на МПЦ.

Кога Архиепископот Јован, кој бил во непосредна близина на настанот, разбрал дека „кондуктерот“ бара 100 ден. од владиката Григориј, го прашал „кондуктерот” дали МПЦ наплаќа карти за оние што сакаат да ги целиваат моштите на Свети Климент, и од „кондуктерот” добил одговор дека наплаќаат од расколници.

Кога владиката Григориј (кој е член на комисијата за преговори со МПЦ) го запрашал како мисли од расколници, од „кондуктерот” добил одговор дека сите што се со расколникот, секако мислејќи на Архиепископот Јован и тие се расколници.

Откако Архиепископот Јован се уверил дека всушност „кондуктерот” сака да им го наплати целивањето на моштите на Свети Климент, одбил да плати иако „кондуктерот” се заканил дека насилно ќе ја изврши наплатата.