Иронијата на ВМРО-НП не престанува кога е во прашање затворениот Архиепископ охридски Јован.

Иронијата на ВМРО-НП не престанува кога е во прашање затворениот Архиепископ охридски Јован.

Од каде ли потекнува потребата на оваа партија постојано сеирџиски да споменува личност, која е прогласена за политички затвореник, која е изложена на маки, а згора на сѐ, и не е во можност да им одговори? Само ова поставено прашање е сосема доволно за да се види бедата на духот кај пишувачите на соопштенија во ВМРО-НП.

Но, од соопштението произлегува уште едно прашање: дали членството на ВМРО-НП влегува во расцеп со својот лидер? Колку што е познато лидерот на ВМРО-НП, што е доблестно, решен е да биде вистинољубив по цена, како што самиот изјави: „дури и да изгуби од рејтингот“. Дали, спротивно на претходно реченото, партиските писарчиња сега сакаат со плукањето на Црквата да добијат на рејтинг?! Зар не гледаат дека таквото плукање е плукање во висина, и им паѓа само на нивниот образ?! Образ од евтин популизам кој е во судир со владеењето на правото и почитувањето на човековите права и верските слободи.

Сепак, оваа иронија крие една голема вистина. Архиепископот охридски Јован е токму тој, којшто треба во Охрид на Богојавление да го фрли светиот крст, како што тоа го правеле и неговите претходници во минатото, канонските Архиепископи на Охридската Архиепископија.

Ќе дојде и тој ден!

Во меѓувреме собирот за Богојавление во Охрид, нема да претставува ништо друго, освен еден спој на расколнички кич панаѓур на чело со расколничкиот митрополит Тимотеј и српска шунд музика олицетворена во Жељко Јоксимовиќ, кич и шунд на кои очигледно се навлечени оние што ја гонат Православната Охридска Архиепископија.