Со допис од 02 Октомври 2014 год., владиниот агент во Бирото на застапување на Р. Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ја информира хуманитарната организација „Воскресение“ дека Владата на Р. Македонија е подготвена да ги уплати досудените средства од Европскиот суд за човекови права во предметот 43566/08, којшто хуманитарната организација „Воскресение“ го водеше против Р. Македонија.

Средствата се навистина симболични, станува збор за 1.300 евра, но голема е моралната победа што хуманитарната организација „Воскресение“ ја извојува против властите на нашата земја, особено ако се знае дека ова е втор случај што хуманитарната организација „Воскресение“ го добива пред Европскиот суд за човекови права, а против властите во Р. Македонија.

Првиот процес беше предметот бр. 25650/06, којшто хуманитарната организација „Воскресение“ го доби во 2010 год., а за кои Владата на Р. Македонија плати оштета во вредност од 1.900 евра.

Извор: poa-info.org