По кој знае кој пат ДПМНЕ, докажа дека „демо-христијанската“ ориентација која тврди дека ја поседува, е само маска за прикривање на своето идолопоклонство. Според зборовите на самиот основач на ВМРО-ДПМНЕ, тие веруваат всушност во извесна идеја, а самите за себе сметаат дека се религија. Значи, самиот основач кажува за своето дело, дека создава нова религија, базирана на одредена идеологија.

Слушајќи ги така деновиве и вмровските „вернички“ од унијата на жени на ДПМНЕ, кои со огромен пиетет се обраќаат кон лидерот на оваа религиска организација, се добива впечаток дека нивниот лидер е всушност нивниот бог, коj им дава моќ за успех во животот. Тој пак нивни бог (исто како и претходниот во своето време), видовме дека ја црпи својата духовна инспирација од добро познати окултисти, гатачи и астролози.

И сѐ ова немаше да биде проблем, зошто денес, секој е слободен во изборот на својата религија, но, ако секој вмровец подеднакво се смета и за „демо-христијанин“, а не се спротивстави на ова убедување, не може, да биде истовремено и православен!

За добро на земјата, ова вмровско секташтво всушност, би требало и расколничката МПЦ да го изобличи. Особено нејзиниот епископат и нивните медиумско експонирани членови, како Бигорскиот манастир, како свештениците Ивица Тодоров и други, барајќи дистанцирање, можеби и одговорност од многумина во споменатата секта. Зашто, токму МПЦ претендира да биде вистинска православна Црква, а споменативе, голем дел од своите квази-духовни потреби ги остваруваат, токму и во МПЦ.