Дежурната медиумска труба на расколниците од МПЦ, Бранко Ѓорѓевски со својот ненаострен молив повторно замавна по интелигенцијата на граѓаните.

Овој очигледно духовно паднат тоталитарист, никако да излезе од времето на своето комунистичко детство, неуморно напредувајќи во глупоста, која според зборовите на Ајнштајн сигурно ќе го однесе подалеку и од вселената. Бидејќи само човечката глупост е бесконечна.

Ќе се задржам на една негова реченица: „Во ситуација кога на територијата на Македонија не е дозволено да има друга црква од познати причини.“

Според Бранко значи, во Р. Македонија владее теократија, а не демократија! Во кој век Бранко живее за да им ограничува на граѓаните кој во што може да верува? И Бранко ли е критериумот да ни кажува што е дозволено, а што не во Р. Македонија? Го прочитал ли Бранко некогаш законот за Цркви, верски заедници и религиозни групи, кој не забранува повеќе цркви од иста вероисповед? Но поради ваквото шовинистичко толкување на истиот, Р. Македонија честопати е посочувана од европските институции како недемократска земја и земја која носи закони со европска фасада, а никогаш не ги имплементира. 

Или пак дочекавме Бранко за јавноста да толкува теологија, кога, на една и од вселената видлива расколничка црква – МПЦ и го дава правото на единствен црковен монопол во Р. Македонија, на сметка на сите други останати. Поради ваквите непромислени текстови страда угледот на сите граѓани и угледот на целата наша држава. Бранко и сличните на него, неуморно работат да ја оддалечат Р. Македонија од Соборното Православие и да ја оддалечат од цивилизациските евро-атланските процеси.