Марјане, Марјане, суровино новинарска дали си ти, тоа, конечно огорчен?

Марјане, Марјане, суровино новинарска, дали тебе Господ те просветли или говориш од устата на твоите ментори?

Марјане, како и да е, се радувам за тебе што ги научи тајните на Стефана и го прати в манастир. 

Марјане „експерту“ верски, знам дека нема тука да застанеш.

Марјане „експерту“ верски, но, дали си ти и единствената апсолутна вистина кај нас и ќе биде само по твое, или има простор за живот и за другите што мислиме различно?

Марјане, суровино новинарска, ја разбирам твојата фрустрација со која живееш денес.

Марјане, замисли тогаш како ми беше мене и на тие како мене „напредњаците“ во верата пред 15 години? 

Марјане, зар ја немаш чуено изреката за Стефана и за тие со него, дека се „духовни инвалиди“?

Марјане, дека имаат побожност како баба Рада и баба Ванѓа. 

Марјане, зар досега немаше слушнато за нас, кои гласно зборувавме за квази единството во МПЦ? Но, и за уште поголемото квази единство кое МПЦ го „има“ со православната екумена. 

Марјане, не сфати ли досега дека единствената причина која ги држи твоите од МПЦ во единство, беше само нивната омразата кон својот брат Јован, кој го затворија?

Марјане, не сфати ли досега дека овие човекомрсци, истата таа братоубиствена војна ја продолжија и на Австралиско тло со артилерија од 12 милиони долари? 

Марјане, за крај ти велам, не плаши се хистерично од раскол со невидени размери, бидејќи е добро, како вели Апостолот Павле, помеѓу вас да има несогласувања, за да се истакнат по достојните. 

Затоа Марјане размисли, дека всушност нема структури кои работат на разнебитување на црковното ткиво, туку има структури како ПОА кои работат на прочистување и обединување со едното, вистинско, ткиво на Црквата вселенска.

Марјан Николовски:

„Ова мене ми личи нешто како да МПЦ му забранува на Александров да навива за МПЦ, или уште пострашно себе си да се претставува како православен. Има ли поголема брука за една црква да донесе таква одлука и уште на таквата одлука да се потпише лично Архиепископот, прашува Николовски.

-Заете што, крајно време е Дедо Стефан да замине в манастир. Неговото 15 годишно управување ја доведе МПЦ на најлошото ниво кое што некогаш го имала. Денес МПЦ се соочува со сериозни предизвици, тотално поделено архиерејско тело, довербата меѓу верниците е падната на најниско ниво. Архиепископот г.г. Стефан, за жал, се повеќе покажува дека нема капацитет за менаџирање на црквата. Неговата неодлучност, немањето цврст став, неможноста да наметне авторитет, им остава простор на поедини структури во МПЦ да работат на разнебитување на црковното ткиво. Денес МПЦ е црква на интриги, поделеност и квази единство. Тоа лесно може да прерасне во раскол од невидени размери. За жал денеска никој од МПЦ во архиепископот не гледа како на духовен водач. Архиепископот г.г. Стефан е заложник и предмет на уцена на нечии валкани игри. На кои? Тој самиот најдобро знае. Според мене, се ова што се случува со МПЦ и најавите од СПЦ за расчинување на Архиепископот, најверојатно се во директна коралација со одредени структури внатре во МПЦ, вели Николовски“.

http://maxim.mk/arhiepiskopski-crkoven-sram