Црквата е Соборна бидејќи е едно Тело Христово. Спомнатата Соборност на Црквата се пројавува, не во размената на официјални честитки за празници, не во размената на подароци, не во размената на студенти… туку единствено во Соборната Литургија, во заедничкото богослужење и причест.

Ова Единство во Литургијата е критериум за Соборното Единство според кое сите православни христијани, без разлика на нацијата и расата, кои учествуваат во Соборната Литургија се едно срце и една душа (Дела Ап. 4. 32).

Онтолошкото соединување на многуте личности во ЕДНО, неопходно е да се остварува во Единство со Телото Христово, т.е. со Соборната Црква. Така што, тоа што не е Соборна Црква, не е Тело Христово.

sosluzhuvanje-pogreb-na-patrijarh-aleksej-hram-hrista-spasitel

На фотографиите е Архиепископот охридски Јован на средба со Патријархот московски и руски Кирил и на Соборна Литургија во храмот на Христа Спасителот во Москва на која служеа Архиереи од буквално сите помесни православни цркви на денот на закопот на блаженоупокоениот Патријарх московски и руски Алексеј.