Соборно Православие со неверување забележа дека овој православен Божиќ за првпат ниту еден медиум не го пренесе обраќањето на Валентина Вале Божиновска.

Забележавме и дека Валентина Вале Божиновска, иако помина доволно време не го даде своето должно, “длабоко теолошко” мислење, по повод регистрацијата на верската заедница на г. Синединовски.

Затоа, прилично загрижени распишуваме награда (еве, едно шише македонско црвено вино) за оној, кој ќе ја пријави претседателката на Kомисијата за односи со верските заедници, Вале дека е здрава и жива и дека е во добра психофизичка состојба.

Сметаме, дека е од исклучителен интерес за нас, баш Вале, сега, во овие историски моменти на политичка и духовна криза, кога го гледаме раѓањето и на една нова, православна, национална, верска заедница, „верската заедница на православните Албанци во Република Македонија“ да биде во државата, со својот народ, сплотена заедно со својата расколничка МПЦ и како и секогаш, како вистински македонски казамат, да застане на браникот на нејзината вера, во одбрана на нејзиниот политичко-расколнички идентитет и лажната автокефалија.

Впрочем, како што тоа го правеше и го прави со нападите врз ПОА со нејзиниот говор на омраза.

Ало Вале, ало Вале, јави се, јави се!