За секој искрен христијанин 7 мај ќе биде еден од најтрагичните денови во историјата на Скопје.

Пристигнува поглаварот на најголемата христијанска ерес со скриена закана да однесе илјадници души. Доаѓа триумфално, во умислена “апостолска” посета, да проповеда среде центарот на градот, како да е Апостол Павле меѓу незнабожците на Атинскиот Ареопаг.

Но, таква е сликата за нас која ја претставува во светот сите овие години расколничката МПЦ. Слика, за нашата држава како неосвоена територија, како земја на непросветлени кои треба да бидат култивирани преку посејување ново “апостолско” папско семе.

Да беше МПЦ вистинска црква и со права вера, папата никогаш немаше да дојде на овој начин, туку на сосема поинаков, ниту ќе ставеше папски печат со тоа што ќе “благословува” луѓе кои не бараат благослов од него, зашто знаат дека според учењето на отците благословот од еретик може да донесе и проклетство.

Затоа и вината за ова понижување е на архирасколникот Стефан и неговата расколничка МПЦ, зошто го узурпираат правото и лажно се претставуваат како единствени претставници на православните христијани во земјава и половина век одат во посети и го канат римскиот понтифекс да дојде и да ги просветли.

Ова не го пишуваме од омраза кон папата, туку само за да се направи разлика помеѓу верата на некои верници од канонската црква кои се борат за чистотата на православната вера и верата на голем дел од расколниците од расколничката МПЦ кои се жедни да го примат “благословот” на римскиот архиеретик.

Линк: