Има нешто шашаво, нешто изопачено-селанско во тоа да го промовираш ѓубрето турбо-фолк музика на Цеца и потоа да отвораш Мајски оперски вечери.

Има некој шашав расцеп, некој опасен раздор во личноста што го прави тоа, но и шашав расцеп во оние личности кои глатко преминуваат преку таквата шашавост.

А, најшашаво од сè е кога слушајќи ја Цеца со сето срце и истовремено отворајќи Мајски оперски вечери, човекот уште се дрзнува да решава и црковни проблеми!