Секој трезвеноумен читател нека си го постави следново прашање: по што ќе остане запамтен дедо Стефан?

Ќе остане запамтен по тоталниот распад на МПЦ, која очигледно постои виртуелно како МПЦ само за по Северна Македонија и за задоволување на политичките апетити на секоја нова власт која ќе дојде, бидејќи во светот на Православието сигурно не постои.

Згора на сè, веќе сите гледаат дека МПЦ е станата организација за ширење на бугарска националшовинистичка пропаганда. Значи, конечно се разбиструва дека кога се зборува за МПЦ, всушност станува збор за расколничка организација, т.е. црква-гето формирана од држават за остварување бедни политички цели.

МПЦ во времето на режимот на Груевски беше меѓу најгласните заговорници на антиквизацијата. Бидејќи нема свој православен, соборски идентитет, сега се залага за бугаризација. Имаме чуено дека токму благодарение на оваа политика на дедо Стефан, луѓето го раскажуваат следниов виц:
абортиран антички Македонец = Бугар.