Химна на Љубовта

(до расколничките владици Стефан, Наум, до расколничкиот игумен Партениј, до нивните расколнички монаси, до нивните духови деца и до сите верници во расколот на МПЦ)

1. Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом не живеам во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква – љубов немам, и ќе бидам бакар што ѕвони, или кимвал што ѕвечи.
2. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да преместувам, ако не живеам во Соборната Црква – љубов немам и ништо не сум.
3. И да го раздадам целиот свој имот, да позволам телото да ми изгори, ако не сум во Соборната Црква која е Тело Христово, – љубов немам и ништо не ми користи.
4. Црквата е како љубовта, долготрпелива, полна со добрина, Таа не завидува, Таа не се превознесува, не се гордее,
5. не прави што е непристојно како расколот, не бара свое, не се срди, не мисли зло,
6. на раскол и неправда не се радува, а на единството во вистината се радува.
7. сè извинува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува, дури и прогони и затвори од расколници.
8. Црквата која ни вратите на пеколот не можат да ја надвладеат е иста како Љубовта, никогаш не престанува, а другото, ако се пророштва, ако се расколи, ќе престанат; ако се јазични поделби – ќе замолкнат; ако се знаења – ќе исчезнат.
9. Оти во Црквата по нешто знаеме и по нешто пророкуваме;
10. а кога ќе дојде совршеното Царство Небесно, тогаш ќе исчезне делумното знаење, но ќе исчезне и расколот.
11. Кога бев дете – бев расколник, зборував како расколник, како дете – расколник мислев, како расколник размислував; а кога станав маж, го оставив расколот и тргнав по Христа во Неговата Една, Света, Соборна и Апостолска Црква.
12. Сега, иако сум во Соборната Црква, гледам нејасно како во огледало, а тогаш во Царството Небесно – ќе гледам лице во лице на сите кои не се расколници; сега во Црквата знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат. Расколниците ниту ќе знаат, ниту ќе гледаат нешто.
13. А сега остануваат овие три работи: верата преку животот во Едната Света Соборна и Апостолска Црква, надежта, и љубовта дека и расколниците ќе ѝ се приклучат; а најголема меѓу нив е љубовта кон расколниците од МПЦ, за и тие да станат Една, Света, Соборна и Апостолска Црква.