Дали некогаш во животот Стефан имал средба со сиромашните? Дали со болните? Дали некогаш Стефан остварил средба со младите каде ќе ги слушне нивните потреби? Или со интелектуалците да полемизира со нивните проблематизирања?

Кога Стефан последен пат ги прашал неговите попови дали носат мантии и каква им е состојбата во семејствата? Кога се заинтересирал за монаштвото?

Кога Стефан организирал средба со припадниците на сите религиски организации во државата?

Кога Стефан одржал Литургија на отворено? Кога собрал толкаво мноштво народ кој се турка само да се допре до него? Кога Стефан до егзалтација анимирал толку домашни интелектуалци, новинари, уметници, лица од јавниот живот, политичари, кои се клештат пред него, се фотографираат со него и најважно, кои во тие моменти се поистоветуваат со неговата вера и неговата култура?

Кога Стефан во животот дал повеќе паралелни интервјуа и одговарал на провокативни прашања во исто време на новинари?

Кога Стефан порачал да станеме светилник на мирот, да имаме глад за братство и глад за средби, и рамнодушноста да ја замениме со чувствителност? Кога Стефан ги нарекол соседните православни патријарси големи, Божји луѓе? Кога пак за него некој кажал такво нешто?

Одговорот за сè е никогаш!

Стефан за жал, е една безлична, пасивна, неспособна фигура, “архиепископ” на неговата групичка антички young people (така папата сосема точно ги именува античките: “млад народ”!)

Тој е празна книга. Отвораш една страница – празно; вртиш следна – повторно ништо; вртиш и трета – и таа празна. И така цели 20 години откако е поглавар на МПЦ.

Да бидеме чесни: само ако го гледа човек Стефана и ако е искрен пред себе си, треба да каже дека нема ништо заедничко со него и со расколот на неговата гетоизирана и непризната МПЦ.