Европската Унија, т.е. нејзиниот Амбасадор во Северна Македонија г. Самуел Жбогар, даде изјава дека “независното судство е поважно од добивање датум за преговори со ЕУ”.

Што значи тоа? Тоа значи дека Северна Македонија е жабокречина, која нема независно судство, дека е делумно слободна земја, дека граѓаните не можат да се чувствуваат еднакви и дека за секого не важи владеењето на правото, само затоа што СДСМ и ВМРО функционираат на ниво на племенски заедници и си поставуваат племенски “судии”, кои судат според племенските нарачки, а не според законите.

Колку е мизерно некој да ти рече дека не исполнуваш критериуми да бидеш напредна цивилизација, а тебе баш да ти е гајле. Колку селански.

Една ипол година после пресудата на Стразбур дека Владата на Северна Македонија е виновна што не ја регистрирала Православната Охридска Архиепископија, со која пресуда се задолжува судот да ја изврши регистрацијата, скопскиот суд уште ја нема регистрирано Православната Охридска Архиепископија.

Јад и чемер! Така е кога се живее во држава, без државотворна, туку со племенска свест.

Европа ги плука, они мислат дека врне.