Со речник на политичар г.Стефан ја коментираше посетата на папата, со која Ватикан „подал рака кон народот и државата“. Но, тука на Стефан му ја нема црквата, неговата МПЦ. Папата, значи, не и подаде рака на мнозинската верска заедница – расколничката МПЦ.

За разлика од Бугарија, каде во просториите на бугарската патријаршија, на ниво на делегации, папата оствари средба со патријархот Неофит како претставник на мнозинската црква во Бугарија, тоа кај нас не се случи. Стефан, не само што не беше удостоен со посета од папата, туку и самиот мораше да отиде во просториите на римокатоличкиот меморијален центар, на групна средба меѓу папата и 50те регистрирани верски заедници.

Значи, Стефан и верниците на МПЦ, покрај тоа што никој во православието поради нивниот раскол не ги уважува, дури ни римокатоличкиот папа, кој им дошол во земјата, иако се мнозинство, не ги почитува за легитимни.